Преведувачки услуги · Скопје
Заверени и стандардни преводи на сите јазици
Преведуваме од македонски на сите светски јазици и обратно – лични и правни документи, договори, деловна и медицинска документација. Нарачувате онлајн, а преводот Ви го доставуваме по е-пошта или на рака – во рокот што Ви е потребен.
- Заверка од овластен судски преведувач
- Онлајн нарачка, достава по е-пошта или на рака
- Итни преводи
Побарајте понуда
Прикачете го документот и ќе Ви одговориме со цена и рок.
Сите јазици
Од македонски на светските јазици и обратно
Заверени преводи
Со потпис и печат на овластен судски преведувач
Онлајн нарачка
Документот го праќате од дома или од канцеларија
Достава по е-пошта или на рака
Во рокот што Ви е потребен – електронски или лично
Услуги
Што преведуваме
Преведуваме документи и текстови од сите области – точно, доверливо и во договорениот рок.

Заверени (судски) преводи
За документи што се поднесуваат пред суд, нотар, министерства, амбасади и други институции – со потпис и печат на овластен судски преведувач.

Лични документи
Изводи од матична книга, дипломи и свидетелства, пасоши, лични карти, возачки дозволи, уверенија и потврди.

Правни документи и договори
Договори, полномошна, судски одлуки и поднесоци, нотарски акти, статути и одлуки на друштва.

Деловна документација
Документи од Централниот регистар, финансиски извештаи, тендерска документација и деловна кореспонденција.

Медицинска документација
Отпусни листи, наоди и мислења, лекарски извештаи – за лекување, осигурување или работа во странство.

Стручни и технички текстови
Упатства, спецификации, стандарди, проектна документација, стручни и научни трудови.

Јазици
Преведуваме од македонски на сите јазици – и обратно
Најчесто преведуваме од и на јазиците подолу, а преводи обезбедуваме и за сите други светски јазици.
- Англиски
- Германски
- Француски
- Италијански
- Шпански
- Португалски
- Холандски
- Шведски
- Норвешки
- Дански
- Полски
- Чешки
- Словачки
- Словенечки
- Хрватски
- Српски
- Босански
- Црногорски
- Бугарски
- Романски
- Унгарски
- Грчки
- Албански
- Турски
- Руски
- Украински
- Кинески
- Арапски
- + други јазици

Онлајн нарачка
Нарачајте превод без да излезете од дома
Испратете го документот
Прикачете го преку формата, испратете го по е-пошта или на WhatsApp – доволна е скенирана копија или фотографија.
Добивате понуда
Ви одговараме со цена и рок на изработка, без никаква обврска за Вас.
Потврдувате, ние преведуваме
По Вашата потврда, преводот го изработуваме во договорениот рок.
Достава по е-пошта или на рака
Готовиот превод Ви го испраќаме по е-пошта, а заверениот превод во оригинал Ви го доставуваме на рака во договорениот рок или можете да го подигнете на нашата адреса.
Итно
Ви треба превод итно?
Означете „Итна нарачка“ во формата или пишете ни директно на WhatsApp. Рокот го потврдуваме веднаш по прегледот на документот.
Зошто MAK-GLOBAL
Преводи на кои можете да се потпрете
Точност и терминологија
Внимаваме на секој термин, број и име – особено кај правните и официјалните документи.
Доверливост
Документите ги користиме исклучиво за изработка на преводот и постапуваме со нив доверливо.
Брза понуда
На барањата одговараме брзо, со јасна цена и рок.
Сè на едно место
Повеќе јазици и видови документи – без да барате различни преведувачи.
Прашања и одговори
Најчести прашања
Што е заверен (судски) превод?
Превод што го изработува и го заверува овластен судски преведувач, со потпис и печат со кои се потврдува дека преводот е верен на изворниот документ. Се бара за документи што се поднесуваат пред судови, нотари, министерства, амбасади и други институции.
Како се нарачува превод?
Преку формата на оваа страница, по е-пошта или на WhatsApp. Прикачете го документот, наведете на кој јазик Ви треба и до кога – и ќе Ви одговориме со понуда.
Колку чини преводот?
Цената зависи од јазикот, обемот (бројот на преведувачки страници од 1.800 знаци со празни места), видот на текстот и рокот. Точната цена ја добивате во понудата, откако ќе го видиме документот.
Како го добивам преводот?
Готовиот превод Ви го испраќаме по е-пошта. Заверениот превод во оригинал, со потпис и печат, Ви го доставуваме на рака во рокот што Ви е потребен, а можете да го подигнете и на нашата адреса во Скопје.
Дали треба да го донесам оригиналот?
За понуда е доволна скенирана копија или фотографија. Дали за заверката е потребен увид во оригиналот зависи од видот на документот и од институцијата – тоа ќе Ви го кажеме однапред.
Дали документите се доверливи?
Да. Документите ги користиме само за изработка на преводот и не ги споделуваме со трети лица.
Нарачајте превод уште денес
Испратете го документот и добијте понуда со цена и рок.




