Услуги
Преведувачки услуги за сите видови документи
Заверени и стандардни преводи од македонски на сите јазици и обратно – за граѓани, компании и институции.

Заверени (судски) преводи
Заверениот превод го изработува и го заверува овластен судски преведувач. Се бара секогаш кога документот се поднесува пред институција – во земјата или во странство.
- Документи за суд, нотар и управни органи
- Документи за амбасади и конзулати
- Документи за вработување, студии и живот во странство
- Документи за нострификација и признавање дипломи

Лични документи
Ги преведуваме документите што најчесто се бараат во постапките пред институциите.
- Изводи од матична книга на родените, венчаните и умрените
- Дипломи, свидетелства и уверенија за положени испити
- Пасоши, лични карти и возачки дозволи
- Уверенија за државјанство и неосудуваност
- Потврди за вработување и примања

Правни документи и договори
Правните текстови бараат прецизна терминологија и доследност – секој термин го преведуваме со внимание.
- Договори и анекси
- Полномошна и изјави
- Судски одлуки, пресуди и поднесоци
- Нотарски акти и апостили
- Статути, одлуки и записници на друштва

Деловна документација
Преводи за компании што работат со странски партнери, инвеститори и институции.
- Документи од Централниот регистар
- Финансиски извештаи и годишни сметки
- Тендерска документација и понуди
- Деловна кореспонденција
- Каталози, презентации и маркетинг материјали

Медицинска документација
Преводи на медицинска документација за лекување, осигурување или вработување во странство.
- Отпусни листи и специјалистички наоди
- Лабораториски и други наоди
- Лекарски извештаи и мислења
- Документација за лекување или осигурување во странство

Стручни и технички текстови
Стручните текстови ги преведуваме со внимание на терминологијата од соодветната област.
- Технички упатства и спецификации
- Стандарди и сертификати
- Проектна документација
- Стручни и научни трудови
Вид на превод
Заверен или стандарден превод?
Заверен (судски) превод
Потребен е кога документот се поднесува пред суд, нотар, министерство, амбасада или друга институција. Преводот носи потпис и печат на овластен судски преведувач.
Стандарден превод
Доволен е кога преводот Ви треба за информација, за внатрешна употреба или за деловна комуникација – кога институцијата не бара заверка.
Не сте сигурни кој превод Ви треба? Проверете кај институцијата или прашајте нè – ќе Ви помогнеме.
Нарачајте превод уште денес
Испратете го документот и добијте понуда со цена и рок.
