Услуги

Преведувачки услуги за сите видови документи

Заверени и стандардни преводи од македонски на сите јазици и обратно – за граѓани, компании и институции.

Печат врз правен документ – заверен превод

Заверени (судски) преводи

Заверениот превод го изработува и го заверува овластен судски преведувач. Се бара секогаш кога документот се поднесува пред институција – во земјата или во странство.

  • Документи за суд, нотар и управни органи
  • Документи за амбасади и конзулати
  • Документи за вработување, студии и живот во странство
  • Документи за нострификација и признавање дипломи
Пасош – превод на лични документи

Лични документи

Ги преведуваме документите што најчесто се бараат во постапките пред институциите.

  • Изводи од матична книга на родените, венчаните и умрените
  • Дипломи, свидетелства и уверенија за положени испити
  • Пасоши, лични карти и возачки дозволи
  • Уверенија за државјанство и неосудуваност
  • Потврди за вработување и примања
Потпишување договор – превод на правни документи

Правни документи и договори

Правните текстови бараат прецизна терминологија и доследност – секој термин го преведуваме со внимание.

  • Договори и анекси
  • Полномошна и изјави
  • Судски одлуки, пресуди и поднесоци
  • Нотарски акти и апостили
  • Статути, одлуки и записници на друштва
Деловна документација и папки

Деловна документација

Преводи за компании што работат со странски партнери, инвеститори и институции.

  • Документи од Централниот регистар
  • Финансиски извештаи и годишни сметки
  • Тендерска документација и понуди
  • Деловна кореспонденција
  • Каталози, презентации и маркетинг материјали
Медицинска документација

Медицинска документација

Преводи на медицинска документација за лекување, осигурување или вработување во странство.

  • Отпусни листи и специјалистички наоди
  • Лабораториски и други наоди
  • Лекарски извештаи и мислења
  • Документација за лекување или осигурување во странство
Речник – стручни и технички преводи

Стручни и технички текстови

Стручните текстови ги преведуваме со внимание на терминологијата од соодветната област.

  • Технички упатства и спецификации
  • Стандарди и сертификати
  • Проектна документација
  • Стручни и научни трудови

Вид на превод

Заверен или стандарден превод?

Заверен (судски) превод

Потребен е кога документот се поднесува пред суд, нотар, министерство, амбасада или друга институција. Преводот носи потпис и печат на овластен судски преведувач.

Стандарден превод

Доволен е кога преводот Ви треба за информација, за внатрешна употреба или за деловна комуникација – кога институцијата не бара заверка.

Не сте сигурни кој превод Ви треба? Проверете кај институцијата или прашајте нè – ќе Ви помогнеме.

Нарачајте превод уште денес

Испратете го документот и добијте понуда со цена и рок.